Сите 38 пациенти во штипската болница се вон животна опасност и за кратко ќе може по еден до двајца од нивните семејства да ги посетат, рекоа од Клиничка болница во Штип.

-Во Клиничка болница Штип од несреќата во Кочани во моментот се се хоспитализирани 38 пациенти. Хемодинамски стабилни, со изгореници по лице и раце, предимно со втор степен. Пациентите со трет степен се претпратени на клиники Скопје за понатамошен третман и се вон животна опсност. . Иницијална тријажа направени на над 80 пациенти, згрижени и со венска линија упатени на терциерно здравство, рече Влатко Захариев, директор на болницата во Штип.
Директорот се обрати пред болницата, каде во дворот информации чекаат роднини и блиски на хоспитализираните.
