Тори Спелинг (51) на својот подкаст “Miss Spelling” откри дека мрази вода и воопшто не ја пие. Наместо тоа, таа избира кокосова вода или сок, според Тајла.
-Како сум уште жива, никој не знае. Јас сум како кактус. Само залиј ме одвреме-навреме, и ќе преживеам некако. Но, јас имам аверзија кон тоа“, рече таа во подкастот.
Ѕвездата од Беверли Хилс објасни зошто не сака вода.
-Не знам што е тоа, само го мразам вкусот. Сум пробала се. Различни видови на вода. Можам да пијам малку минерална вода, но не многу. Веднаш штом ја испијам, ми се мачи. Сигурна сум дека тоа е ментално растројство“, додаде таа.
Рекла и дека се плашела дека пијалокот можеби и е отруен, а кога нејзиното поранешно момче Дин Мекдермот еднаш сакал да и даде пиво, помислила дека ставил нешто во него.