Газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, осомничен во истрагата за набавка на нафтени деривати за потребите на државата, сепак, заминува во 30 дневен притвор. Денес напладне Кривичен го соопшти решението со кое се приеначува одлуката, па наместо мерката за куќен притвор Јахоски заминува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка, за А.Ј., поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, донесе решение со кое ја преиначува одлуката за куќен притвор и му одредува мерка притвор во траење од 30 дена. Оваа одлука е основана врз опасноста од бегство, како и околности кои упатуваат на можноста тој да влијае врз сведоци и да го попречи текот на истрагата, се вели во соопштението од Судот.
Пред два дена по реакциите во јавност како е можно некој кој е осомничен за проневера на 16 милиони евра и за увоз на канцероген мазут да добие само домашен притвор образложение дадоз од Обвинителство.
Во образложението на Решението е истакнато дека судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација.
Сите овие околности, како што е истакнато во решението, одат во прилог на намален ризик од бегство и во насока на оправданост за определување на поблага мерка за обезбедување на присуство. Така, Судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.