Актерот Драган Петровиќ Пеле е препознатлив по седата коса, а дури неодамна откри дека поради трагедија која го погодила неговото семејство преку ноќ побелел.
Најлошата вест го нашла во театар, непосредно пред почетокот на претставата, пишува информер.рс.
-Дознав непосредно пред да започне претставата. Се сеќавам дека тоа беше „Битката кај Колубара“. Во тоа време немаше мобилни телефони, некој се јави во театар. Го прашав Миша Јанкетиќ, бидејќи тој ја игра главната улога во таа претстава, а имав две-три сцени, дали можам да одам, дали може да игра без мене. Ми вели – секако. Влегов во една крнтија од автомобил, кој тогаш го возев и си заминав. Подоцна се освестив. Тогаш имав 28 години. А кога се вратив на Академијата се вратив како седокос – изјави Пеле.
Дека несреќата не доаѓа сама сведочат и понатамошните загуби кои го следеле во текот на целиот живот. По неговиот брат, починале и неговите родители.
-Прво почина брат ми, па татко ми, а на крајот во 2013 година почина и мајка ми. Додека татко ми беше болен, јас работев цело време, одев на факултет и играв претстави, но редовно ги посетував. Кога се разболе мајка ми, помина еден месец во болницата „Свети Сава“ каде што одев секој ден. На денот на погребот играв комедија. Малку е тешко човек да се „префрли“, но таков е животот – заклучил тогаш Пеле за РТС.