Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба.
Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик.
Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот бр.50.