Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани, дознава Телма.
Повеќе извори на Телма потврдија дека попладнево се приведени и се вршат претреси во домовите на сопствениците на РКМ и Пуцко Петрол, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски.
Но, надлежните без да соопштуваат имиња само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството за гонење на организиран криминал за злоупотреби при набавка на деривати.
-Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден, информираат од ОЈО.