Во Високо во Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа се случи брутално убиство кога млад човек убил друг млад човек, а потоа му се обидел да го исече телото на парчиња, јавија локалните медиуми во БиХ.
Убиството се случило во населбата Лука, а од кантоналниот полициски оперативен центар Зеница-Добој соопштија дека синоќа во 18 часот и 35 минути во полициската станица во Високо дошло лице и пријавила дека Б.Д.(24) од Високо и рекол дека во својот стан го убил П.Е. (24)
„Пронајдено е безживотно тело Истрагата е спроведена во текот на ноќта во надлежност на дежурниот обвинител“, соопшти полицијата, пренесува МИА.
Според неофицијални информации, станува збор за 24-годишен маж кој наводно убил свој познаник, а потоа му го распарчил телото за да ги прикрие доказите.
Како што пишува Аваз, постои сомневање дека на се и претходела кавга за девојка.
-Осомничените за убиството добро се познавале и најверојатно заедно работеле во странство. По апсењето, убиецот бил префрлен во болницата Зеница поради рани кои ги здобил додека се обидувал да ги скрие трагите распарчувајќи го телото на жртвата, кое се обидел да го стави во куфер и на тој начин да се ослободи. Откако бил прегледан во болницата во Зеница, осомничениот бил префрлен во затворско одделение – пишува локалниот портал Високо.ба.