Во повеќето случаи, добрата личност поминува лошо низ животот. Особено кога станува збор за жените. Ако некогаш сте се запрашале зошто добрата жена најлошо поминува во животот, еве го одговорот.
Добрата жена е попустлива.
Нејзината попустливост кон другите ја чини многу во животот. Не треба да бидете попустливи со луѓето, особено со оние кои не ви посакуваат добро, во спротивно ризикувате да бидете целосно уништени.
Добрата жена не знае да каже НЕ.
Што и да и прават во животот, таа едноставно не знае да каже „не сакам“. Во минатото сум видел многу различни ситуации и никогаш не можев да разберам зошто добрите луѓе дозволуваат другите да ги уништат, па дури и свесно да одат во пропаст, пишува порталот uspesnazena.com. Наместо да дозволите сите да ве газат, подобро е да ја кренете главата и да им кажете на сите- стоп! Не може веќе!
Добрите жени се многу мирни.
Токму затоа што се мирни, расипните луѓе веруваат дека можат да прават што сакаат со нив, што за жал им успева. Знајте едно, да се биде смирен кон злобните луѓе е голема грешка, со ваквото однесување можете само да си наштетите, а уште полошо на саканите околу вас.
Добрата жена ќе ги задоволи сите, и на неа како и биде.
Наместо да им угодувате на другите на ваша штета, подобро би било да им угодувате а со тоа да си помогнете себеси. Верувај, треба само да се гледаш себеси, утре да ти се случи нешто другите немаше ни да се свратат кон тебе.
Добрата жена знае да почитува
Зрачи со почит кон сите, не прави разлика дали е дете или возрасен, едноставно е научена да ги почитува сите околу себе. За жал, токму оваа почит ја чини многу во животот.
Добрата жена брзо простува.
Колку и да ѝ направил некој зло, таа е подготвена да прости, доколку и се извинат. Таа прави голема грешка со тоа што премногу им верува на луѓето, мислејќи дека сите се како неа. Наместо разбирање – едно зло е секогаш зло!
Добрата жена е секогаш насмеана.
Дури и кога е емотивно уништена, се труди да биде позитивна и да се насмевнува. Најголемиот проблем е што луѓето со тек на време се навикнуваат на таа насмевка и едноставно во главата сфаќаат дека што и да ти прават мора да си расположена, нема друг начин. Значи, тоа е уште една грешка по ред.
Добрата жена никогаш не се расправа.
Наместо да не дозволува никој ништо да и каже со оглед на тоа колку таа ги радува сите, кај добрите луѓе е спротивно. Без оглед таа колку многу му помогнала некому, и без оглед што таа личност се и сешто и назборувала , таа не се расправа, туку само ќе се сврти и ќе замине. Токму затоа што таа е таква, луѓето си даваат за право да и кажуваат секакви работи.
Добрата жена најлесно се искористува.
За жал, тоа е голема вистина. Таа е лесно манипулативна. Брзо им верува на сите и токму поради тоа лошо поминува во животот. Добрата жена само молчи и трпи. Таа никогаш нема да оди на карта за да се бори за себе. Наместо да страдаш внатре, подобро би било секој да го ставите на свое место. Ќе видиш утре кога ќе стигнат тие години, како ќе бидеш тогаш, верувај, здравјето и нервите ќе ти бидат толку дефицитарни што нема ни да се препознаеш.