Две загинати лица во тешка сообраќајна несреќа која се случи пред малку на експресниот пат Штип – Кочани во близина на кочанското село Тркање. Според фотографиите од терен, едното од двете возила е во пламен, а во моментов на лице место се од полицијата, итна медицинска помош и противпожарната служба.
- Денес 07.03.2025 година околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип Кочани, кај с.Тркање кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата. Увидот е во тек, стои во соопштението од СВР Штип.
Фото: Радио Кочани