ОЈО информира дека до овој момент екс шефот на скопското јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, кој е суспендиран, не поднел никаква пријава.
-До овој момент таква пријава не е примена. Доколку биде, истата ќе биде распоредена кај надлежен јавен обвинител. Основното јавно обвинителство Штип ја известува јавноста дека во постапката против осомничениот се постапува целосно согласно закон, а истрагата е во финална фаза. Надлежниот јавен обвинител не подлегнува на притисоци и испрати покана до осомничениот тој да даде исказ во своја одбрана, меѓутоа поканата е вратена со забелешка дека тој се иселил од адресата наведена за лицето во полномошното и во системот на МВР, информираат од ОЈО.
Денеска хајрулахи информираше дека поднел кривична пријава за злоупотреба на службената положба против Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, но и други обвинители.