Обилните врнежи ги претворија улиците на шпанскиот остров Гран Канарија во бесни матни реки, а нивото на водата се уште расте.
Дејли Мејл пишува дека поројните поплави носат автомобили во морето, а локалните власти ги предупредиле туристите да не излегуваат. Невремето го погоди вториот по големина од Канарските острови, популарна дестинација за одмор.
Се појавија снимки од валкани води кои незапирливо брзаат по другите острови во архипелагот, влечејќи возила под мостови, пренесува еспресо.рс.
Еден од драматичните клипови прикажува жена која е спасена од потопен автомобил и извлечена на безбедно додека каллива река татне по улицата.
На второто видео се гледа како автомобил е влечен околу десетина метри во морето.
Властите на Канарските острови издадоа „предупредување“ по невремето што го погоди архипелагот, кое донесе силен дожд. Шпанската национална метеоролошка служба Аемет вчера издаде „црвен аларм“ за целиот остров Гран Канарија бидејќи се очекува да продолжи лошото време.
На тој остров, освен автомобили кои завршиле во морето, може да се видат и целосно уништени возила свртени наопаку, а пороите однеле и контејнери за ѓубре.Н а тој остров најмалку 80 луѓе останаа заробени во локален супермаркет поради невремето.