Двегодишната Дуња Марковиќ, по која од вчера попладне интензивно се трагаше, утрово ја пронашла специјално дресирано куче од Планинската спасувачка служба, пренесува телеграф.рс.
Херојот или хероината на потрагата е специјално обучено ГСС куче по име Мала.
Девојчето било пронајдено во близина на локацијата од која исчезнала.
-Цела ноќ го баравме теренот, а утрово, само што ја завршувавме таа последна зона, нашето куче трагач наиде на девојчето и го маркираше. Девојчето е добро, засега е настинато, другото оставаме на лекарите да утврдат што и како понатаму – изјави спасувачот Глушчевиќ од ГСС.
Како што објаснил, таа била пронајдена на околу километар или нешто помалку од местото каде што исчезнала.
-Детето имаше многу смрзнатини, беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро – изјави припадник на Планинарската спасувачка служба кој го пронашол утрово.
Девојчето било покрај мал поток.
-Лежеше во природа, не паднао во потокот,кажал тој.