Актерот Адријан Броди го освои вториот Оскар во кариерата, за главната улога во филмот „Бруталист“. Но, сите зборуваат за сцената која се случила додека се движел на сцената!
По сочниот бакнеж со Хали Бери, Броди трпеливо чекаше во публиката да види дали го добил Оскар за најдобар актер, придружуван од неговата партнерка Џорџина Чепмен, поранешна сопруга на холивудскиот насилник Харви Вајнштајн.
Кога беше објавено дека Броди го добил Оскарот, тој прво ја бакнал неа, потоа и остатокот од неговата придружба, а потоа се упатил на сцената.
@pagesix Adrien Brody hilariously threw his gum to girlfriend Georgina Chapman as he went up to accept his award for Best Actor at the 2025 Oscars. 😆
♬ original sound – Page Six
Сепак, сфатил дека има гума за џвакање во устата и се очекувало да одржи победнички говор. Кога станал свесен за овој факт, актерот се свртел кон Џорџина, ја извадил гумата за џвакање и ја фрлил кон неа! Актерката и модел вешто ја фатила гумата за џвакање и брзо се вратила на своето место.
Овој потег беше снимен од бројни камери, а видеото брзо стана вирално, што предизвика дебата на социјалните мрежи за неговиот потег. Секако, имаше коментари.
„Пу, можеше да ја стави во џеб“, „Можеше да ја проголта“, „Одвратно“ се само дел од коментарите за овој необичен момент од Оскарите.