Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на годинашниот струмички карневал се појави со девојка му, струмичанката Снежана Ѓорѓева, информатичар по професија.
Двајцата заедно беа како викинзи на маскембалот во петокот вечерта, а заедно и во саботата на главното дефиле.

-Да, заедно сме со Снежана веќе една година. И двајцaта сме струмичани, што значи се запознавме тука во Струмица, преку пријатели. Ме освои со нејзината непосредност, рече Костадинов и откри дека размислува да стави крај на ергенскиот живот.

Во петокот вечерта на маскембалот беа облечени како викинзи. Тој ни открие и која била инспирацијата токму вака да се маскираат.

– Заеднички одлучивме како ќе се маскираме. Викингот е симбол на честа, на борбата, на храброста и на немањето страв. Токму таа храброст на викинзите инспирира да се бориш до смрт за целите кои ги имаш поставено. Карневалот е симбол на Струмица и традиција и мора да се почитува, ни рече Костадинов.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски