Митко и Катерина Дрвошанови се принцот и принцезата кои беа избрани на синоќешниот маскембал во хотелот „Сириус“ во Срумица и тие ќе го предводат големото карневалско дефиле вечерва. Тие беа облечени како модерен лик и Афродита Божица на убавината.
– Ова е наша вековна традиција и сакаме да ја унапредиме и да придонесеме да стане уште поголема и попосетена. Да постои тој карневалски дух, рекоа тие по изборот.

На вчерашниот маскембал освен струмичани имаше и гости, карневалски пријатели од Хрватска, Бугарија, Црна Гора, но и од Холандија. Годинава, за разлика од другите години, нема многу гости од станство бидејќи оваа година се поклопуваат Грегоријанскиот и Јулијанскиот календр, па маскембалите низ светот се поклопуваат со датумите на одржување.
А како беше на вчерашниот маскембал погледнете ја галеријата на нашиот фоторепортер Внгел Тануровски.











