Уште еден пешак со тешки повреди заврши во болница, откако бил прегазен на скопските ,улици. Како што соопшти МВР, на 28.02.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков” и ул.„Петре Ѓорѓиев” во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.