Северна Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот Христијан Мицксоки и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако денеска во Истанбул потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете држави.
Декларацијата беше потпишана при првата посета на Мицкоски на Турција.
– Ова е значаен чекор за односите меѓу двете земји, а основите на ова се содржани во документот Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција потпишан уште во 2008 година. Со цел да го развиеме стратешкото партнерство донесовме одлука за основање совет на високо ниво чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите обалсти од заеднилчки интерс на билатерално, регионално и глобално ниво, рече премиерот Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на декларацијата.
Мицкоски оцени дека со Ердоган имале исклучително значајна и конструктивна средба, која, како што истакна, е потврда на традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу двете земји.
На средбата разговарале за продлабочување на билатералните односи во повеќе сфери, со особен акцент на економската соработка, инвестициите и трговската разменасо особен акцент на трговската размена, како и за соработката во безбедноста, образованието, културата и здравството.
– Двете земји се сојузници во НАТО, а нашиот заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот. Посветени сме како држава на градење цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство на економски, политички и културен план, рече Мицкоски.
Ердоган најави дека со идните активности ќе се зголеми економската и трговската размена на уште повисоко ниво и оцени дека односите меѓу двете земји се силни како што е силен Камениот мост во Скопје.
– Минатата годна ние имавме околу една милијарда долари трговска размена и мислам дека во првата прилика мораме да ја донесеме двострано, рече Ердоган, посочувајќи меѓу останатото дека ќе биде потребно ревидирање на Договорот за слободна трговија.
Ердоган се надева оти ќе присуствува на првата седница на Советот што ќе се одржи во Скопје.
Ердоган воедно порача дека Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција меѓу народите, туку како поле за заедничка соработка и за развој.
Фото: Влада