Денешниот марш на учениците од средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ по повод Денот на розевата маица е важен настан во борбата против врсничкото насилство, или булингот. Оваа активност, која ги вклучува и учениците од основното училиште „Ванчо Прќе“, има за цел да подигне свесност за сериозноста на проблемот и да поттикне поголема солидарност и поддршка меѓу младите. Преку носењето на розови маички, учениците испраќаат силна порака против насилството во училиштата, потврдувајќи ја важноста на почитта и пријателството меѓу врсниците. Лилјана Манова, професорка во СОУ „Коле Нехтенин“, нагласи дека овој марш има за цел да ја намали појавата на булинг и да создаде позитивна и безбедна средина за сите ученици.
- Денеска во нашето училиште се организира еден настан по повод денот на розеватаа маица или ден кога се подига гласот против училишното насилство. По тој повод нашата ученичка заедница организиравме настан, изработивме хамери и заедно до училиштето „Ванчо Прќе“ ќе направиме еден марш низ улиците, изјави Манова.

Розевата маица е симбол на борбата против булингот, која станала позната во светот поради еден случај во Канада, каде момче ученик бил жртва на булинг затоа што во училишетето се појавил во розева маица, а отпорот на учениците во заштита на ученикот од насилниците, станал синоним за борбата против оваа несакана појава на глобално ниво.