Повеќе од 1.000 музичари, меѓу кои Ени Ленокс, Дејмон Албарн и Кејт Буш, објавија албум со снимки на тишина како форма на протест против плановите на британската влада да го промени законот за авторски права. Овие промени ќе им олеснат на компаниите кои развиваат вештачка интелигенција (ВИ) да користат дела заштитени со авторски права без дозвола, велат музичарите.
Според новиот предлог, ВИ компаниите ќе можат да користат содржини од интернет за да развијат свои модели, освен ако сопственикот на авторските права не избере поинаку. Уметниците се надеваат дека албумот насловен Дали е она што ние го скаме? (Is This What We Want?), за да привлече внимание на можното влијание на новите регулативи врз музичката индустрија во ОК.
Сите приходи од албумот ќе бидат донирани во хуманитарната организација Помош на музичарите (Help Musicians).
Дали во идната музика нема да се слушнат нашите гласови?- напишла Кејт Буш во соопштението.
Наскоро ќе завршат јавните консултации за законските измени.
Албумот, кој беше поддржан од Били Оушн, Ед О’Брајан од Радиохеад, фронтменот на Бастилја, Ден Смит, Клеш и Џамириквај, содржи снимки од празни студија и музички места, што укажува на стравувањата на уметниците за потенцијалното влијание на предложените измени на законот.
„Британската влада не смее да легализира кражба на музика во корист на компаниите кои развиваат вештачка интелигенција“, е пораката на албумот.
Во тек се консултации за предлози кои ќе им овозможат на компаниите со вештачка интелигенција да користат материјали на интернет без да ги почитуваат авторските права за целите на обука на модели за вештачка интелигенција.
Програмите за вештачка интелигенција рудуваат или учат од огромни количини на податоци како што се текст, слики или музика на интернет за да создадат нова содржина што изгледа дека е создадена од човекот.
Според предложените законски измени, уметниците или творците би имале право да бидат изземени, што значи дека ВИ компании нема да го користат нивното дело.
Критичарите на планот, сепак, веруваат дека не е можно поединечен писател или уметник да извести илјадници различни даватели на услуги за вештачка интелигенција дека не сакаат нивната содржина да се користи на тој начин или да следи што се случува со нивната работа на целиот интернет.
Актуелните регулативи за авторски права и вештачка интелигенција ги спречуваат креативните индустрии, медиумите и секторот за вештачка интелигенција да го постигнат својот целосен потенцијал, а тоа мора да се промени, напиша во вторникот портпаролот на Одделот за наука, иновации и технологија (ДСИТ).
„Затоа разговараме за нов пристап кој ги штити интересите и на развивачите на ВИ и на носителите на правата и им овозможува на двајцата да напредуваат“.
„Не се донесени никакви одлуки“ и „нема да се преземат никакви потези се додека не бидеме апсолутно уверени дека имаме практичен план што ја исполнува секоја наша цел“, се додава.