МВР информира за несовесен возач кој предизвикал сообраќајка, удрил во пешак па побегнал.
– На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото избвршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата, информираат од МВР.