Тинејџерот веќе бил во влошена состојба, но не кажувал на родителите што направил. Подоцна признал дека си вбризгал течност во која измешал вода со мртва пеперутка. Малолетникот почнал да повраќа, а потоа колабирал. Првично момчето му кажало на својот татко дека се удрило додека си играло, но кога симптомите почнале да стануваат посилни, тој открил што направил. Неговиот татко, го пронашол шприцот што го користел неговиот син под креветот, го однел во болница во областа Планалто.
Здравствената состојба на детето, сепак, била толку лоша што било оценето дека е неопходно да се префрли во друга болница, каде што лекарите не успеале да го спасат. Властите истражуваат да потврдат дали се работи за интернет предизвик.
Неговата смрт најверојатно се припишува на токсините присутни во течноста од мртвата пеперутка, што предизвикало неговото тело да потемни додека доживеал септичен шок.
Експерт за пеперутки и директор на Музејот за зоологија на Универзитетот во Сао Паоло објасни дека ефектот на токсичноста на пеперутките врз човечкото тело не е доволно проучен. Како што рече, „пеперутките имаат сложен биолошки систем и течностите во нивните тела не се соодветно проучени, особено во однос на токсичноста што може да ја имаат за човечкото тело“.
Извор: newsbomb.gr