Во однос на актуелната состојба на покачените цени на производите цени во маркетите Владата одлучи:
-Одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехрамбени прозиводи, кои беа во претхдните кошници, но да се дополни со средства за хигиена и бебешка храна и други непрехрамбени прозводи кај кои е забележана голема маржа а се дел од основните потреби на граѓаните. Очекуваме да се опфатат над 100 производи. Оваа мерка ќе трае до 30 април годинава. Владата препорача до сите маркети цените на производите да ги објават цените на производите, за да има голема транспарентост, а граѓаните сами да одлучат каде ќе пазарат. Да ја видат разликата во цените. Цениме дека ваквиот пристап, кој е препорака, а не ограничување ќе придонесе до усогласување на цените на производите, рече Митева.