Владата го задолжи Министерството за правда да превземе активности за поведување на посапка за разрешување на државниот јавен обвинител, рече портпарот Марија Митева, по завршување на денешната 50-та седница.
-Разочарноста на Вадата од постапувањето надвор од законските надлежности,разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневнототот продлжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањет на правната држава. Најпрво се отвори распрвата за последниот индекс на транспарентност, кој беше објавен денес, и каде детално можеше да се види дека четири точки се однесуваат на состојбите во обвинитеството и судството. Дополнително последното именување за в.д. шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје е одлука која е незаконска, рече Митева.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во последното издание на Стадион во сабоата рече дека нема намера да си даде оставка.
-На денот кога ме избраа не знаев ниеден политичар, ниту опозиција, ниту власт. До сега ниеден политичар ми се нема јавено да врши притисок. Ниту дирекно ниту индирекно. Интерпелација за јавен обвинител не е дозволено имајќи предвид дека има законски одредби. Во Законот за јавно обвинителство има точно определени законски норми под кои услови се бира и можеда се разреши. Постапката е доста сложена. Во однос на повлекувањето тоа е лична желба на самиот, а јас сега засега не размислувам, рече Коцевски.