Министерот за здравство, Арбен Таравари денес на новинарско прашање за опасниот предизвик кај младите на Тик Ток, пиење ненормално количество парацетамол, рече дека не знае дали имало таков случај кај нас.
-Немам информација од Токсикологија дека некој од пациентите, млади луѓе на Тик Ток дека користеле по 5-6 парацетамоли. Прв пат слушам. Не користам Тик Ток и навистина прв пат ја слушам информацијата, рече Таравари.