МВР од утрово реи да си го исчисти својот двор. според информации по медиумите се МВР спроведува голема полициска акција внатре во своите редови.
Неофицијално станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила. Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР и и во повеќе добро познати автосервиси кои претходно со години ги сервисирале возилата.
Информацијата за ММС ја потврди и МВР.
-Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, се вели во информацијата од министерството.