Бјанка Ценсори на Греми се појавила гола под проѕирен мини фустан, раперот Канје Вест наводно останал „вознемирен“ што не успеал да создаде уште повеќе непристојност и хаос внатре откако бил замолен да си замине.
Упатените изјавија за Дејли Мејл дека некој бил испратен да разговара со Канје неколку минути откако Бјанка ја фрлила бундата на подот поради стравувањата дека CBS – мрежата што го емитуваше преносот во живо – може да се соочи со казни и опомени од огласувачите поради голите сцени.
„Сите гледаа во нив како да се луди, а се зборува дека сакал да направи голем публицитет, бидејќи е загрижен дека не е повеќе во центарот на вниманието“, рекол изворот.
„Организаторите беа известени за нејзината облека неколку минути откако таа зачекори на црвениот тепих и испратија некого да му каже на неговиот тим дека мора да си заминат затоа што може да бидат погодени со големи проблеми доколку направеа ваков трик во етерот“.
Друг инсајдер рекол: „Им беше кажано дека постои кодекс на облекување кој не бара ништо непристојно и голотија, па затоа им беше препорачано да не влегуваат“.