Во Штип годинава ќе се одбележат 100 години од првата опера во Македонија, најави на својата прва прес конференција, новиот директор на НУЦК „Ацо Шопов“, Филип Стевановски:
- Тоа е една манифестација којашто ќе ја одбележи оваа 2025 година, покрај сите други проекти, коишто се во план да се направат. Во овој проект не сме само ние вклучени, туку повеќе институции од градот Штип, а веќе е планирана и средба за да видиме на кој начин и со која Програма ќе се настапи тука, како и со операта „Паљачи“. Така да мислам дека ќе имаме добри културни манифестации оваа 2025 година, ќе имаме изложби, концерти. Тоа се нашите планови и идеи, потенцираше Стевановски.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2025/02/filip_stevanovski_02-1024x768.jpg)
Освен културните манифестации, Стевановски сака во градот да се врати и некогашното драмско студио, кое е првиот филтер на млади таленти во театарот.
- Ако на мало дете му се даде пристап да има до театар, култура тоа од мали нозе ќе знае што треба и што е вистинска вредност. Така да се стремиме кон враќање на тие секции, што мислам дека ќе успееме во тоа, додаде Стевановски.
Инаку, во надлежност на НУЦК „Ацо Шопов“ е Народниот театар во Штип, кој во февруари ќе има вкупно 10 театарски претстави, во кои има и две гостувања. Станува збор за Народниот Театар Куманово со претставата „Како што сакате“ и на НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани со претставата „Избувливиот човек“.
Билетарата во НУЦК ќе работи од 9 до 19 часот, додека во деновите кога ќе има претстави во зградата на Театарот, билетарата ќе работи од 17 до 20 часот за подигање на билети.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2025/02/filip_repertoar-747x1024.jpg)
(М.К.)