„Убијци„, „Правда за Фросина“, „Правда на народот“, „Оставка“, „Доживотна робија“, „ Сакаме правда“, „Одговорност“, „Правда за Викторија“, „Правда за жртвите“, „Протест на народот“, „Правда за Онкологија“, „Закон“, „Закон за Васил“, „Закон за убијците“, „Секој еден може да е следен“, „Нема да ви помине“…
Со извикнување за сите неправди во државава денес протестот почна на „Партизанска“, на местото каде што Фросина Кулакова ги направи последните чекори и беше усмртена од пијан возач и со триминутно молчење почна протестот насловен „Секој еден може да е следен“, а заврши пред Кривичен суд.
-Ова е народен протест. Проестот завршува тука, но борбата за системски промени ќе продолжи, рекоа на протестот и се разделија извикувајќи „Убијци“, „Промена на системот“, „Затвор за судиите“, „Бараме одговорност“…
Погледнете ја галеријата од протестот кој ја преполни „Партизанска“, но и Собрание и Кривичен:













Фото: Вангел Тануровски