Росица Кулакова, сестрата на Фросина, која Васил Јованов ја усмрти на „Партизанска“ на денешниот протест во Кавадарци побара одговорност од таткото Зоран Јованов и од судијката Даниел Алексовска Стојановска, која го упати деликвентот во попарвен дом.
-Општеството е огледало на вредноститекои го носат оние што го водат, а децата се најчистиот одраз на своите родители. Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето на државни функции не смее да се сведува само на формални образовни критериуми, јавноте функции мора да ги извршуваат луге со интегритет, кои својот карактер и вредности ги покажале и во сопствениот живот, како граѓани, како родители и како дел од заедницата. Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата, рече таа и додаде:
-Напротив, ваквите лица не смеат да добијат јавна функција, тие треба да одговараат за своето делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели а функциите во државата не смее да бидат засолниште на оние кои не ги почитуваат законите ниту во својот дом, ниту надвор од него. Ние за Фросина бараме правда не само од убиецот, бараме правда и од таткото, да се затвори и одговара таткото Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа јавно да изразат сочуство на семејството туку кукавички се кријат и бришат профили. Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, рече Росица.