МВР информира дека ја пронашле и уапсиле жената, која вчера со своето возило „цитроен“ на билеварот „Кузман Јосифовски Питу“ прегази пешак и побегна.
-На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу” и ул. „Бојмија” со патничко моторно возило „цитроен” удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, инормираат од МВР.