Татко во Пакистан ја застрелал својата ќерка тинејџерка откако таа објавила видеа на TikTok кои тој ги сметал за несоодветни, соопшти полицијата.
Како што објасни началникот на полицијата Бабар Балоч, таткото на возраст од 50 години неодамна се вратил со своето семејство од САД да живее во Квета во југозападен Пакистан. Таткото, кој сега е во притвор, признал дека ја застрелал својата ќерка претходно оваа недела, откако таа одбила да се облекува поскромно и да престане да објавува видеа на TikTok кои семејството ги сметало за „непристојни“.
Полицијата случајот го третира како „убиство за чест“.
-Речиси илјада жени во Пакистан се убиваат секоја година од блиски роднини, татковци, браќа и синови, под изговор дека ја бранат семејната чест, соопшти Комисијата за човекови права на Пакистан.
Убијците ја избегнуваат казната во повеќето случаи поради контроверзната одредба во исламскиот закон што им дозволува на роднините на жртвите да му простат на сторителот, според Амнести интернешнал.
Како што соопшти Хјуман рајтс воч, Пакистан донесе закон во 2016 година за делумно отстранување на контроверзната одредба, но тоа не се покажа доволно за да ја запре практиката.
Извор: ХРТ