Три половни возила, специјализирани за вршење на комунални услуги, во вредност од 12 милиони денари, набави штипското јавно претпријатие, Исар.
Станува збор за половен камион за вода, односно цистерна за миење на улици, половен камион за чистење на улици и половен камион за вакум, познат како каналџет.
- Возилата пристигнаа во стопанскиот круг на ЈП Исар. Истата постапка е спроведена најтранспарентно, бидејќи е предвидена во Планот за јавни набавки на ЈП Исар и за тоа имаме предвидено финансиски средства. Само овие возила не се доволни да се модернизира или подобрат условите на граѓаните, па поради тоа веќе почнуваме постапка за набавка и на уште некои други специјализирани возила, односно конкретно возила за собирање и одлагање на комунален отпад, а точката за субвенционирање на тој дел од набавката на овие возила, е постапка која што се спроведува по завршувањето на онаа постапка која што ние ја имаме спроведено за јавни набавки, изјави директорот на ЈП Исар, Александар Арсовски.
Се очекува возилата во најкраток рок да бидат ставени во функција.