Американскиот лизгач Џон Маравила објасни зошто не летал со авионот што се урна во САД.
Претходно, Маравиља на социјалните мрежи изјави дека можел да биде во урнатиот авион, но не му било дозволено да се качи во него.
BREAKING: Mid-air collision between a helicopter and commercial jet on approach to Ronald Reagan Washington National Airport. Rescue boats are scanning the Potomac River. pic.twitter.com/ySwHFq9Ej1
— Breaking 4 News (@Breaking_4_News) January 30, 2025
– Одговорниот за пријавување ми рече дека моето куче е преголемо за да го носат, иако тоа беше нашиот лет претходно. Затоа решивме да одиме со автомобил, изјави лизгачот.
Американецот пријавил и дека на овој лет биле 14 лизгачи.
На 30 јануари, патнички авион кој полетал од Вичита се урна во близина на Вашингтон по судир со воен хеликоптер. По судирот двете летала паднаае во реката Потомак.
Nouvelle vidéo du crash d’avion hélicoptère de #Washington 🇺🇸 https://t.co/T0J2pXZfV6 pic.twitter.com/iNJS2jSfrl
— 🇫🇷laffont mickael(#SansLui)🇫🇷 (@MickaelLaffont) January 30, 2025
Во авионот имало 60 патници и 4 членови на екипажот. Претходно спортскиот агент Ари Закарјан објави дека во авионот има неколку лизгачи и тренери за уметничко лизгање. Американските медиуми јавија за жртви, но не и за точниот број на загинати и преживеани.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека судирот меѓу хеликоптерот на американската армија и патничкиот авион на компанијата „Американ ерлајнс“ можел и требало да се спречи.
“Авионот беше на совршена и рутинска линија за пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се движеше право кон авионот. Беше ЈАСНА НОЌ, светлата во авионот беа запалени, зошто хеликоптерот не се качи нагоре или надолу, или се сврти, зошто Контролната кула не му кажа на хеликоптерот што да прави, наместо да го праша дали го виделе авионот. Ова е лоша ситуација што требаше да се спречи„, напиша американскиот претседател на социјална мрежа „Truth Social“.