Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.
-Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на нереќата. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од ОЈО.