Претставниците и организаторите на Евровизија го објавија распоредот на земјите за полуфиналето.
Според овој распоред во првото полуфинале ќе се натпреваруваат Хрватска, Шведска, Украина, Словенија, Исланд, Естонија, Полска, Португалија, Холандија, Азербејџан, Албанија, Сан Марино, Белгија, Кипар и Норвешка. Во втората полуфинална вечер ќе настапат Србија, Австрија, Литванија, Ерменија, Црна Гора, Грција, Ирска, Австралија, Летонија, Чешка, Израел, Малта, Финска, Данска, Луксембург и Грузија.
Големото финале не очекува на 17-ти мај.
Оваа поделба веќе предизвика бројни реакции.
„Се надевам дека Кипар ќе помине низ тоа крвопролевање од полуфинале“, „Масакр во првото полуфинале“, „Добро е што Белгија и Холандија се во исто полуфинале“, „Норвешка се збогува со квалификациите за финалето“, „Првото полуфинале е победник“ , се дел од коментарите.
Ако се суди според реакциите, повеќето Х корисници сметаат дека конкуренцијата во првото полуфинале е посилна.