Цените по маркетите на Блакан се качија до небо, па граѓаните не можејќи веќе да ја издржат оваа состојба се одлучија на бојкот. Прва почна Хрватска, која со повик на социјалните мрежи минатата недела ги бојкотираше маркетите. Но, бојкотот продолжи, па се најави нов за 31 јануари.
По примерот на Хрватска оваа иницијатива се прошири и во Босна и Херцеговина, каде најавија дека на 31 овој месец, ќе ги бојкотираат маркетите. Слични иницијативи се најавени и во Црна Гора. И таму граѓаните планираат да се воздржат од купување во маркетите на 31 јануари. според најавите во медиумите таков бојкот ќе поддржи и Словенија.
Од вчера на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради високите цени на храната.
Реагирај
Активирај
Сподели (тука, на другите твои соц медиуми, до кого знаеш)
Од тебе зависат цените pic.twitter.com/WqI1OmTDds
— Kalin Babusku (@kalinbabusku) January 27, 2025
Како што стои во објавите граѓаните се повикуваат на, како и во Хрватска и Босна, последниот ден од јануари, и кај нас да не се купува ништо во маркетите за да се избрши притисок и врз трговците. Но, не само врз трговците, туку и врз Владата, бидејќи кошничките не донесоа никаков резултат, да се преземат конкретни мерки за намалување на цените и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Во иницијативата која се споделува по социјалните мрежи повикот до граѓаните се однесува на бојкот на маркетите, бензинските пумпи, кафулињата, рестораните, кои, како што се вели, „забегаа“ со скапотијата.
-Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања, се вели на социјалните мрежи.