На 26.01.2025 во 17.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во својот дом во Кочани бил пронајден починат Ѓ.М.(54). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.