Светлана Цеца Ражнатовиќ моментално ја реновира вилата, а како што истакна за медиумите, бидејќи нема маж, целата работа паѓа на неа.
Открила дека дури и кога нешто ќе се расипе во вилата, таа е таа што го повикува мајсторот.
-Во куќата ми пукна цевка, немам маж, морам да викнам мајстор. Знам да менувам сијалици, знам да кревам осигурувачи. Кога жената живее сама, мора да биде хаусмајстор, изјавила Цеца.