Фирмата „Алказар Eнерџи“ го развива проектот „Ветерен парк – Штип“ со моќност до 396 мW. Во меѓувреме веќе е закажана јавна презентација за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА), на која се покануваат граѓаните и заинтересираните страни, соопштуваат од општина Штип:
- Локација еден: Сала за состаноци – Општина Штип, 05 февруари во среда, во 10:00 часот и локација два: Општинско основно училиште (ООУ) „Никола Карев“ во село Бучим во Општина Радовиш, истиот ден на 5 февруари во среда во 14:00 часот. Состаноците ќе дадат преглед на проектот, ќе го објаснат процесот на ОВЖССА и клучните наоди од Извештајот за ОВЖССА обемот, ќе го опишат механизмот за поплаки и ќе дискутираат за коментари и прашања од интерес од засегнатите страни и локалните заедници, се вели во писменото соопштение.
Како што информира соопштението, за повеќе информации во врска со Извештајот за ОВЖССА обем, може да се посети веб страницата на изведувачот: https://alcazarenergy.com/stip-wind-farm/