Во третата недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се 76 случаи на групни
пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, известуваат од Центарот за јавно здравје – Штип.
Во однос на возрасната дистрибуција, 68 лица се на возраст од 15-64 години, 2 заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години и по 3 лица се кај деца на возраст од 5-14 години и во
возрасната група од 0-4 години.
Почнувајќи од 40 недела, заклучно со 2-ра недела од 2025 година, во општина Штип
пријавени се вкупно 117 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања
слични на грип.
Дистрибуцијата на случаите од сезонски грип и заболувања слични на грип по месеци се одвива:
– октомври – 0 случаи
– ноември – 8 случаи или 6,8%
– декември – 11 случаи или 9,4%
– јануари – 98 случаи или 83,7%
Според бројките се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој е над
неделната граница за сезонска активност.
Согласно овие податоци, во општина Штип има среден интензитет на вирусот на
грип.
(М.К.)