Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
-Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство. Во алкохолизирана состојба, осомничениот влегол во вербална расправија со жртвата, а потоа и физички ја нападнал, нанесувајќи и три убодни рани со нож во вратот. Според лекарите, жртвата во моментов не е во животозагрозувачка состојба, но и се предизвикани тешки телесни повреди. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информираат од ОЈО.