Бројни реакции следеа по контроверзниот поздрав кој Елон Маск го изведе на митинг пред инаугурацијата. За време на својот говор Маск изведе гест со рака кој е доста сличен на поздравот што го користеа нацистите во времето на Адолф Хитлер, што предизвика гнев кај многумина, а реагираа и самите Германци.
Во првиот ред, меѓу многуте, беше и Мишел Фридман, германско-француски публицист чии членови на семејството загинаа во Холокаустот, а кој по војната беше заменик на Централниот совет за Евреи во Германија. Тој овој потег го нарече чист срам, додавајќи за германски Тагеспил дека овој потег покажува дека слободниот свет „дошол до опасна точка“, пренесува Вечерњи лист.
📸 Elon Musk makes ‘Roman salute’ in speech to Trump supporters pic.twitter.com/f0NPmlRDW7
— The Telegraph (@Telegraph) January 20, 2025
„Во себе си помислив, рушењето на табуто доаѓа до точка која е опасна за целиот слободен свет. Брутализација, дехуманизација, Аушвиц, сето тоа е Хитлер. Масовен убиец, воин, личност за која луѓето беа само бројки – фер-плејот не вреди да се споменува“, рече Фридман, имајќи предвид како Илон Маск недвосмислено го изведе нацистичкиот поздрав на сцената.