Се помалку е атрактивно работењето во државна администрација а почетната плата од 25 илјади денари не е доволен мотив и ги одвраќа младите за работа на овие работни места, вели во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77, Бојан Трипуноски од УПОЗ.
Нагласува дека двајца вработени во администрација со почетничка плата не можат да обезбедат доволно средства ниту за покривање на минималната синдикална кошничка која според последните пресметки изнесува 62 илјади денари.
- Помлад референт во државна администрација ако сега влезе на работа ќе добива плата од 25 илјади денари. Вработените едвај врзуваат крај со крај во тековниот месец. Двајца вработени да работат на најмалата плата во државната администрација не можат да ја надополнат една синдикална минимална кошничка, вели Трипуноски.
Бранко Костовски од синдикалната организација на вработените при министерството за култура, истакнува дека ако некогаш беше привилегија и чест да се работи во иституциите на државата денес сме во ситуација да паѓаат огласите за вработување на нови стручни кадри во истите овие институции заради незаинтересираноста на младите.
- Имаме недостиг на луѓе за работа во дејностите под државна администрација, а голема превработеност во установите каде платите се далеку поголеми од овие, нагласува Трипуноски додавајќи дека токму поради атрактивните плати никој не сака да работи во администрација, сите сакаат во агенциите и установите каде платите се повисоки од илјада евра, како АЕК или М-НАВ.
За платите во администрацијата, актуелните протести и барањата на вработените во државната администрација и притисоците кои ги имаат дел од нив, во најновото издание на емисијата Стадион, зборуваат Бојан Трипуноски од УПОЗ како и Бранко Костовски од синдикалното здружување на вработените во министерството за култура. Повеќе следете на линкот во продолжение: