Момче (17) од Скопје доживеал струен удар додека се качувал на вагон-цистерна во Кисела Вода. Вагонотот се запалил, а момчето е пренесено во болница, соопшти полицијата.
„На 16.01.2025 година во 14:55 часот, 17-годишно момче од Волково, кое било качено на вагон-цистерна, доживеало струен удар, при што вагонот се запалил. Повреденото момче итно е пренесено во Ургентниот центар со возило на Итна помош“, соопштија од МВР.
Неофицијално, овој случај е уште еден од серијата предизвици за ТикТок, односно со опасниот тренд младите да се повикуваат меѓусебно да вршат опасни активности.
Во ноември 2022 година 17-годишно девојче заврши со 30 отсто изгореници по телото, грбот и нозете откако се качи на вагон во Маџари. Во февруари 2023 година 14-годишно девојче во Илинден не успеа да го преживее струјниот удар откако се качи на цистерна.
Пред повеќе од еден месец беше актуелен предизвикот „ Спајдермен “ поради кој 11 деца завршија со скршеници во болница.