Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Како што информира Автомотосојузот на Македонија во извештајот од 13 часот, снег провејува на патните правци Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража, Делчево и Страцин, но не се задржува на коловозот.
-Намалена видливост поради магла има во Крушево – 100 метри и на планинските премини Стража – 100 метри и Плетвар – 100 метри, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.