Американецот Тим Кинг од сојузната држава Илиноис неодамна додека ја реновирал својата куќа пронашол подарок што му бил наменет за Божиќ пред 46 години, пренесуваат американските медиуми.
Подарокот бил зад преградниот ѕид во бањата, а бил завиткан во хартија со ликовите на Дизни, пишува New York Post.
Кинг објави видео за необичното откритие на подарокот неколку дена пред овој Божиќ, додека им помагал на родителите да ја реновираат куќата.
Видеото објавено на Инстаграм на 27 декември собра 37.000 лајкови, на кое се гледа дека Кинг, кој сега има 53 години, го одвиткува подарокот – комплет за авиони за играчки од 1970-тите.
Кинг рече дека верува дека подарокот бил купен во 1978 година, кога имал шест години, и дека неговите родители го сокриле на таванот, каде што паднал зад преградата на бањата.