Пронајден е и мажот(56), кој од вчера се бара по сообраќајката кај Рашче, кога автомобил слета во провалија, а потоа во водите на Вардар. Детенцето кое најверојатно излетало е во болница вон животна опасност, трите жени се пронајдени вчера вечерта, а по мажот се трагаше.
Новинарот на Канал 5 кој во вестите во 15 часот во живо се јави од терен, додека известуваше камерата го сними моментот кога го пронајдоа и го извлекоа од водата.
Погледнете го видеото од ексклузивната снимка на Канал 5 :
Од ОЈО информираат дека откако од водите на Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа. Се работи на утврдување на причините.