На утрешната вонредна седница на Советот за национална безбедност ќе бидат предложени низа мерки за заштита на граѓаните, соопшти Владата на Црна Гора.
„Ќе се разгледа и сегашното ниво на имплементација на законските одредби, со посебен акцент на неопходноста од донесување нов Закон за оружје. Со оваа регулатива се планираат поригорозни контроли и построги услови за издавање дозволи за чување и носење кратко огнено оружје. Советот ќе се фокусира на клучните предизвици во откривањето и заплената на нелегалното оружје и ќе предложи низа мерки насочени кон борба против криминалот и заштита на граѓаните. На дневен ред ќе биде и иницијатива за спроведување итни активности во сите градови на Црна Гора заради откривање и заплена на нелегално оружје, како и распишување јавен конкурс за регрутирање на нови полициски службеници со цел зајакнување на капацитетите на безбедносните институции“, соопштија од Владата.
Од Владата најавија дека ќе се разгледа и досегашното ниво на имплементација на законските одредби, со посебен акцент на неопходноста од донесување нов Закон за оружје. Со таа регулатива, појаснија, се планираат поригорозни контроли и построги услови за издавање дозволи за чување и носење кратко огнено оружје.
Во Цетиње вчера беа убиени 12 лица, а осомничениот Ацо Мартиновиќ се самоуби. Повредени се четири лица кои се хоспитализирани во Клиничкиот центар.
Извор: Вијести