Дарко Мартиновиќ, победникот на „Ѕвезда Гранд“, кој е родум од Цетиње, се огласи за Гранд откако во масакрот во Црна Гора беа убиени негови блиски роднини, неговите братучеди, вујко и вујна, додека неговата снаа е повредена и се бори за живот.
-Вчера бев во Тиват, а веста за смртта на моите браќа, вујко и вујна ја дознав од медиумите. Ги читав порталите и не ми се веруваше дека тоа се случува. Трагедијата е голема во Цетиње, го убил целото семејство. А со нив била и снаата, сопруга на едниот брат, која ја ранил. Моментално е во болница, лекарите се борат да ја спасат, Господ ќе даде да преживее за нивното дете кое нема ни една година, да не остане без мајка, рекол пејачот и објаснил дека иако имаат исто презиме со убиецот, не се роднини.
-Го знаевме по видување, од градот, но не сме во роднинска врска, само го имаме истото презиме, додал тој.