Плоштадите во Белград секоја година се центар на новогодишните случувања, но оваа година ситуацијата беше сосема поинаква. На Плоштадот на Републиката во Белград беа организирани настапи на Жељко Васиќ, Марина Вишковиќ и Харис Џиновиќ, а и покрај тоа што сите тројца се исклучително популарни, публика немаше.
Tišina. Samo Haris iz daljine leleče pic.twitter.com/UCKcmX1Jyc
— Janko Baljak (@JankoBaljak) December 31, 2024
Во моментот на настапот на Харис, студентите протестираа на белградските улици, а нешто пред полноќ, во 23 часот и 52 минути, почнало 15-минутното молчење за да им оддадат почит на жртвите од несреќата што се случи на железничката станица во Нови Сад.
Na Trgu Republike peva Haris Džinović, publike jako malo.
Nije se obrukao Beograd. pic.twitter.com/XHweyPx7oI
— Biljana Stepanovic (@BiljkaSt) December 31, 2024
Додека студентите молчеле, Џиновиќ продолжил да пее и неговиот потег налути многумина, а социјалните мрежи беа преплавени со снимки од неговиот концерт без луѓе.
„Имаше повеќе мобилни тоалети од публиката“, „Харис можеше да застане за тие 15 минути молк. Ништо на тој мизерен, слабо посетен пијан концерт немаше да се смени во тие 15 минути. Вака ќе остане запаметен како бесрамен тезгар“, напишаа на социјалните мрежи.
348.823 ljudi na koncertu Harisa Džinovića. U glavu! pic.twitter.com/QaRd8YSipr
— Kuke i motike (@njpetrovic) January 1, 2025
Студентите веќе еден месец учествуваат во блокадата на факултетите во Белград, Ниш, Нови Сад и Крагуевац, а во пресрет на Новата година најавија дека 2025 година ќе ја дочекаат со приредби, прошетка и 15-минутно молчење, со што дополнително сакаа да укажат на одговорноста на властите за социјалната и политичката криза која произлезе од тешките последици од негрижата, злоупотребата и корупцијата што ја предизвикаа трагедијата во Нови Сад, пишува Нова.рс.